Цветков ги презентира можностите за инвестирање во земјоделско-прехранбениот сектор
Македонија, во делот на земјоделството и индустријата за храна, на располагање на идните инвеститори им нуди земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп за примарно производство, парцели за изградба на откупни центри за овошје и зеленчук и винарски визби, како и целосна поддршка за реализација на деловните идеи.
Ова денеска го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на Форумот за земјоделство, трговија и економска соработка помеѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина што се одржува во Будимпешта, Унгарија, презентирајќи ги деловните можности за трговска соработка и инвестирање во македонскиот земјоделско-прехранбен сектор.
Цветков посочи дека секторите со компаративна предност, кои се извозно-ориентирани и атрактивни за инвестирање, се свежиот и преработен зеленчук и овошје, производството на вино, на ароматичен ориентален тутун и јагнешко месо, како и органското производство.
Помалку конкурентните сектори за кои постои потреба на домашниот пазар и можност за инвестирање, додаде, се производството на пилешко и на говедско месо.
- Владата на Република Македонија во изминатиот период беше целосно посветена на спроведување темелни и суштински реформи во сите области од економското работење, во насока на постигнување поволна деловна клима за домашните компании и привлекување странски инвеститори, информира министерот.
Според него, нивото на моментална трговска соработка со земјоделски производи помеѓу двете земји се развива, но може да се подобри. - Нашата земја е особено заинтересирана и за влез на директни странски инвестиции во преработувачката индустрија во Македонија поради повисокото ниво на развој, што би помогнало и во општиот развој на земјоделското примарно производство, рече Цветков.
На Форумот во Будимпешта учествуваат министри за земјоделство од 20-тина европски држави и од Кина, како и претставници од унгарски компании.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп
-
Се уште е во финална фаза формирањето на странска комисија која ќе ги проверува наводите на д-р Кедев
-
ДЗС: Бројот на работници во индустријата намален за 4%