Цветанов: Шансите за формирање нова влада на Бугарија се минимални
Шансите за формирање на нова влада на Бугарија во третиот обид се многу помали, отколку во првиот и вториот, изјави денеска претседателот на Пратеничката група на бугарската владејачка партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Цветан Цветанов.
Како што јави БТА, ваквата изјава на Цветанов следува откако вчера бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и го врачи мандатат за формирање нова влада на Бугарија на коалицијата Реформски блок (РБ), што ја сочинуваат пет конзервативни и центристички партии.
Понудата до РБ уследи откако претходно двете најголеми партии во земјата - ГЕРБ на актуелниот премиер Бојко Борисов и опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП) на Корнелија Нинова, ги вратија добиените мандати за формирање нова влада на Бугарија.
За разлика од ГЕРБ и БСП, кои веднаш ги вратија мандатите инсистирајќи на предвремени парламентарни избори, еден од лидерите на РБ и потпретседател на Сојузот на демократските сили (СДС), Румен Христов, најави дека Блокот ќе се обиде да формира влада и дека ќе и понуди разговори на партијата на Борисов.
- Треба да се однесуваме со неопходниот политички респект кон РБ, изјави Цветанов, додаваји дека следниве денови ГЕРБ ќе донесе одлука дали ќе ги поддржи обидите на Реформсиот блок за формирање влада.
Тој одби да дава прогнози за резултатите од најавните средби на претставниците на ГЕРБ и РБ, но сепак нагласи дека можноста за формирање влада во сегашниот состав на Народното собрание е минимална.
- Сепак, должни сме да преговараме и да ги разгледаме сите можни варијанти, изјави Цветанов, додавајќи дека се очекува делегации на ГЕРБ и РБ да се сретнат в недела или понеделник.
Плевнелиев при вчерашното доделување на мандатот на РБ, изрази задоволство што коалицијата сепак ќе се обиде да обезбеди парламентарно мнозинство во актуелниот состав на Народното собрание.
- Понекогаш и шанса од еден процент, може да стане стопроцентна шанса, па затоа заслужува да се обидеме. Ова особено ако се имаат предвид рекордниот број кризи што се случуваат околу нас, во регионот и во светот, изјави Плевнелиев.
Доколку РБ не успее да формира нова влада, ќе следи распуштање на бугарското Народно собрание и одржување на предвремени парламентарни избори кон крајот на март или почетокот на април идната година.
Ново на Сител
-
Од сабота до вторник ЈСП со неделен возен ред
-
Пронајдено телото на мажот кој настрада во синоќешната несреќа кај Рашче
-
15-годишен дилер од Скопје добил кривична пријава
-
Кривична за двајца скопјани за обид на убиство и помагање
-
Ѓоковиќ елиминиран во четвртфиналето во Бризбејн
-
Николовски: Наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила зголемена за над 482 милиона денари
-
Јовчески: Детето повредено кај Рашче, очекувам наскоро на домашно лекување
-
За повлечениот Предлог-закон за средно образование повторно ќе се дискутира за да се најде заеднички јазик, вели Јаневска