Цветан Трипуновски: Мерката „Зелена нафта“ можат да ја користат само половина од земјоделците
Министерство за земјоделство по кој знае кој пат ги излажа земјоделците.
Министерот Димковски најави дека до крајот на месецот земјоделците можат да подигнат картици за зелена нафта.
Но, министерот заборави да каже дека со мерката само половина од земјоделците во Република Македонија можат да ја користат оваа мерка.
Односно ја прашуваме власта зошто предвидува само 55.000 картички за зелена нафта, а во Македонија регистрирани се над 100.000 македонски земјоделци.
Дали со овој податок се отвора нов сомнеж како ќе се избира кој ќе земе картица и дали изборот ќе се врши во општинските организации на СДСМ.
Исто така го прашуваме министерот зошто во оваа мерка не се опфатени и сточарите како категорија?
Дополнителен проблем во врска со оваа мерка е неправична распределба односно гледано по култури, на некои култури каде процентот на учество на нафтата е помал, а на други култури поголем во вкупните трошоци на производство односно цена на чинење им се дава иста субвенција.
Како пример:
За пченица потребни се 55 литри нафта/ха без жетва, или потребни средства за нафта по актуелните цени 3.355 денари. Учество на нафта во цена на производство е 10% и со субвенцијата од 750 денари/ха. производната цена ќе се намали за минимални 3%.
За пченка потребни се 110 литри/ха без берба, или 6.710 денари за нафта по актуелните цени, нафтата учествува во производната цена и изнесува 19% и со субвенцијата од 750 денари која што се дава производната цена ќе се намали за незначителен 2%.
Слични и поразителни се процентите и кај луцерката, пиперот,јаболката каде намалувањето во производната цена ќе биде незначителен 1 %.
Со овие пресметки се докажува дека мерката е козметичка и популистичка бидејќи се работи за минимално намалување на трошоците на производство кои се движат од 1 до 3% што преставува чиста симболична вредност и нема да има никаково влијание во конкурентноста на производството и нема да се покријат зголемените трошоци кои земјоделците ги имаат последниве две години.
Ако навистина државата се грижеше за земјоделците како што вели, требаше да ја намали акцизата т.е. да ја врати на старо и со тоа би се постигнал вистински ефект кој би ги ставил во рамноправна основа сите граѓани на Република Македонија.
А, со оваа мерка само уште еднаш се докажува дека СДСМ е лош менаџер и ќе доведе повеќе штетни отколку во корисни влијанија во земјоделскиот сектор.
Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија
-

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз
-

Мицкоски: Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за напредок и реализација на многу проекти
-

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина
-

Николоски од Росоман : Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, изградба на влезот во Сирково, поддршка за земјоделците
-

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција
-

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си - Трамп: Справување со надворешните ризици, технолошка самостојност и раст на домашната побарувачка
-

Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија

