Цуклев: За еден месец СДС ги задолжи граѓаните со 60 милиони евра
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ за еден месец од нивното владеење ги има задолжено граѓаните за 60 милиони евра.
Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека од овие задолжувања граѓаните досега не виделе ништо и оти не е реализиран ниту еден проект.
- Секој ден изминативе 37 дена Владата на СДС ги задолжуваше граѓаните по 1 милион и 600.000 евра. Резултат во реализирани проекти – нула. Освен задолжување, видовме само деструкција, укинување и блокади. Сметајќи со калкулациите на СДС од пред изборите, Владата на Заев ако продолжи со ова темпо на задолжување, а ќе продолжи, за една година ќе ги задолжи граѓаните околу 720.000.000 евра, а за 4 години мандат граѓаните ќе бидат задолжени околу 2.880.000.000 евра, посочи Цуклев.
Според него, тоа е спротивно од она што го зборувала СДСМ пред изборите. - Од овие 60 милиони евра граѓаните досега не видоа ништо. Минималната плата не е покачена на 16.000 денари како што ветуваше Заев, ниту пак просечната плата се покачи на 30.000 денари. Докторите се уште ги очекуваат ветените 100.000 денари плата, а нема отпочнато ниту 1 километар од новите 500 километри автопат кои СДС ги ветуваа како капитална инвестиција, рече Цуклев.
Ново на Сител
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп
-
Се уште е во финална фаза формирањето на странска комисија која ќе ги проверува наводите на д-р Кедев
-
ДЗС: Бројот на работници во индустријата намален за 4%
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици