Цукерберг: На Фејсбук ќе му требаат неколку години за да си ги реши проблемите

На Фејсбук најверојатно ќе му требаат „неколку години" за да ги реши проблемите што беа откриени со скандалот поврзан со „Кембриџ аналитика“ за пропустите на социјалната мрежа при заштитата на личните податоци на корисниците, изјави основачот на компанијата Марк Цукерберг.
- Еден од главните проблеми на Фејсбук е неговиот „идеализам", бидејќи тој долго време ги гледаше само добрите аспекти на интернет-врската меѓу луѓето, рече Цукерберг.
Во интервјуто за сајтот „Вокс“ сопственикот на Фејсбук истакна дека социјалната мрежа потрошила доволно време за да инвестира или да размисли за лошите аспекти на користење на некои од нејзините алатки.
- Мислам дека луѓето, сега со право, се фокусираат на некои од ризиците и лошите страни, додаде тој.
- Мислам дека ќе го решиме овој проблем, но ќе бидат потребни неколку години. Јас би сакал да ги решам сите овие прашања за три или четири месеци, но мислам дека вистината е дека ќе биде потребно повеќе време за решавање на некои од овие прашања, истакна Закерберг.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
