Цукерберг: Фејсбук е подготвен да спречи идни изборни манипулации
Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг изјави дека гигантската компанија веќе е подобро подготвена да се справи со политички манипулации кои би влијаеле врз исходот на ноемвриските избори за Конгресот на САД.
Цукерберг беше критикуван од страна на Демократската партија на САД дека Фејсбук и дозволил на компанија од Британија која работела за кампањата на Доналд Трамп да користи аналитички податоци што Фејсбук ги собира од своите корисници. Демократите исто така го критикуваа Фејсбук дека не го спречил објавувањето на таканаречени лажни вести од странски извори кои, според нив, влијаеле Трамп да ја победи Хилари Клинтон.
- Денеска Фејсбук е подобро подготвен за вакви напади. Веќе идентификувавме и избришавме лажни профили во пресрет на изборите во Франција, Германија, Алабама, Мексико и Бразил, вели Цукерберг во коментар објавен на Фејсбук.
Компанијата открила дека покрај руските групи за објавување на политичка пропаганда, постоела организација и во Иран, која на сличен начин се обидувала да влијае на политичките исходи во САД, Британија и низ Блискиот Исток.
- Досега имаме избришано над една милијарда лажни профили. Во повеќето случаи ги бришеме само неколку минути откако ќе бидат направени, вели Цукерберг.
Компанијата исто така планира воведување на проверка на вистинитоста на постовите, со што ќе може да брише коментари кои ќе содржат лаги и манипулации.
Ново на Сител
-
Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад
-
Рајндерс останува во Милан до 2029 година
-
Тројца странци загинаа во пожар во хотел во популарна туристичка област во Бангкок
-
Владата на Јужна Кореја нареди безбедносна проверка на сите авиони Боинг 737-800
-
Кривична за 13 лица за криумчарење луксузни возила, меѓу нив и вработени во МВР
-
Најстудено со -8 степени во Берово, 4 во Гевгелија
-
Најмалку 70 луѓе загинаа во Етиопија откако преполн автобус падна во река
-
Почина поранешниот американски претседател Џими Картер