Цукенберг пред Конгресот: И моите податоци беа загрозени
Извршниот директор и основач на Фејсбук Марк Цукенберг го продолжи сведочењето во американскиот Конгрес и откри дека неговите лични податоци биле меѓу продадените информации, како што наведе, на малициозни трети страни.
Закерберг вчера на членовите на Конгресот им рече дека е неизбежно да дојде до регулатива во индустријата социјални мрежи.
- Интернет има растечко значење ширум светот во животите на луѓето и мислам дека е неизбежно дека ќе биде потребна некаква регулатива. Мојот став не е дека не треба да има регулатива, туку сметам дека треба да се биде внимателен во врска со тоа каква ќе биде регулативата, истакна Цукенберг во сведочењето пред Комитетот за енергетика и трговија при Претстваничкиот дом на Конгресот.
Тој додаде дека доминантните компании како Фејсбук имаат ресурси да се подложат на владината регулатива, но тоа би можело да биде потешко за малите страт- ап компании.
Закерберг првиот ден од сведочењето пред Конгресот наведе дека направил грешка и оти му е жал што Фејсбук не успеал да ги заштити своите корисници и нивната приватност.
Во воведниот збор пред Конгресот, каде сведочи за скандалот со фирмата за анализа на податоци „Кембриџ аналитика“, кога протекле податоци на повеќе од 50 милиони корисници на социјалната мрежа Фејсбук, Зукерберг рече дека сега е јасно оти не сториле доволно да спречат таквите работи да се користат со лоши намери
Ново на Сител
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија