ЦУК: Вкупно 25 пожари на отворено за изминатите 24 часа, два сѐ уште активни
Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои, два се сѐ уште активни, а уште толку се под контрола, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- На планината Мукос, место викано „Котева круша“, во атар на село Оморани, огнот е изгаснат од дожд, додека, активен е кон селото Степанци и место викано „Кадиица“ на границата помеѓу општините Чашка и Долнени, каде гори мешана шума, се појаснува во соопштението.
Вториот активен пожар е на територија на општина Студеничани, над селото Црвена Вода, место викано „Крста“. Горат ниска вегетација и нискостеблеста шума.
Под контрола е пожарот во општина Кичево, кај селото Цер, каде гори веќе на изгорениот дел, но нема опасност од проширување.
Вториот пожар, категоризиран „под контрола“, е на планината Галичица, кај место викано „Зли Дол“. Дождот го изгаснал пожарот на ресенска страна.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари