ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места

Обилните врнежи предизвикаа сериозни проблеми во повеќе делови низ државата, а екипите на општините, противпожарните служби и институциите за заштита и спасување непрекинато интервенираат на критичните места во Скопскиот, Кумановскиот, Тетовскиот и Гостиварскиот Регион, каде што има излевање на реки, поплавени домови, свлечишта и затрупани одводни канали.
Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот, во Скопскиот Регион, во Општина Сарај поради поплавите во селата Буковиќ и Семениште, преземени се координирани активности за надминување на состојбата.
-Интервенираа екипи на Општина Сарај, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, ЈП Водовод и канализација – Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување. Активностите се насочени кон расчистување на зафатените подрачја, одводнување на поплавените површини и создавање услови за постепено нормализирање на состојбата. Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен - се вели во соопштението од ЦУК.
Во Кумановскиот Регион, во Општина Липково поради обилните врнежи воспоставена е континуирана комуникација со Општина Липково.
-Реката Слупчанка излезе од своето корито во село Опае, при што е зафатен дел од селото, а најголем дел од поплавените површини се земјоделско земјиште. Излевање е регистрирано и во атарот на село Оризаре, каде што се зафатени земјоделски површини, информираат од ЦУК.
Според досегашните информации, нема пријавени штети од жителите и земјоделците, освен поплавените земјоделски површини.
На подрачјата што ги покриваат Кратово и Крива Паланка нема пријавени ниту забележани поплавени површини.
Во Тетовскиот Регион, од синоќа до раните утрински часови беа регистрирани интензивни и континуирани врнежи од дожд, што придонесе за зголемен водостој и проблеми со одводни канали на повеќе локации.
-Преку бројот за итни повици 112 беше пријавено свлечиште на патниот правец Тетово – Џепчиште (Џермо), поради што сообраќајот е во прекин. Пријавено е и свлечиште на патниот правец кон село Једуарце, каде што од страна на надлежната општина е извршена интервенција и патот е оспособен за сообраќај. Евидентирани се затрупани канали во селата Шемшево и на правец Требош – Јажинце, при што се реализирани соодветни интервенции - информираат од ЦУК.
Патниот правец кон Попова Шапка е прооден, но на делница од околу четири километри сообраќајот се одвива отежнато и наизменично. Од 07:45 часот на сила е забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси на правецот Тетово – Попова Шапка.
-Во моментов нема значително зголемување на водостојот и нема опасност од излевање на поголемите водотеци. Снабдувањето со електрична енергија и вода за пиење се одвива непречено - се вели во соопштението од ЦУК.
Во Гостиварскиот Регион, по обилните врнежи од дожд се евидентирани повеќе случаи на поплавувања во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше.
-Во Гостивар и околните населени места пријавени се повеќе поплавени куќи, подрумски простории и стопански објекти, како и излевање на водотеци и затрупани канали. Во село Беловиште интервенирано е по пријава за заглавени лица во поплавен објект, при што лицата се безбедно извлечени. Во село Форино е пријавено излевање на реката Вардар од коритото, со поплавени земјоделски површини и потенцијален ризик за куќите во близина на мостот кон село Тумчевиште. Во координација со надлежните институции ангажирана е механизација за отстранување на пречките од речното корито - информираат од ЦУК.
Поради ограничени технички ресурси, како што посочуваат од ЦУК, дел од интервенциите се реализираат со отежнати услови, но сите надлежни служби се на терен.
Во Охридско-Кичевскиот Регион, во Општина Охрид состојбата е стабилна, сите патни правци се проодни и нема пријави за излевање на реки или поплавувања.
-Во Општина Кичево, по излевање на Зајашка река, поплавени се куќи и дворови на повеќе улици. По 12:00 часот се пријавени дополнително околу 30 поплавени семејни куќи. Извршена е евакуација на стари и изнемоштени лица, како и на деца од поплавените објекти - информираат од ЦУК.
Состојбата, како што информира директор на ЦУК, Мухамед Али, во сите региони се следи континуирано во координација со надлежните институции.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Филипче е исплашен од исказите на Груби, многу луѓе се загрижени во овој момент
-

Мицкоски: Работиме на случаите со илегална дрога, ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци
-

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни
-

Муцунски: Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, но во рамки на нашите принципиелни позиции
-

Брза интервенција на ДПД-Пехчево спречи поголем пожар кај село Црник
-

Радман: Северна Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо
-

Јаневска: Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите луѓе кои ќе останат да ја развиваат оваа држава
-

Фонд на ПИОМ: Управниот одбор ја усвои Завршната сметка на Фондот за 2025 година
