ЦУК: Со поддршка од НАТО, започнува модернизација на системот за управување со кризи

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, официјално го потпиша договорот за реализација на повеќегодишниот проект G10231 – „Интероперабилен систем за командување со инциденти управуван од вештачка интелигенција за прекуграничен одговор при кризни и итни состојби (NICS-2)“, кој се спроведува во рамки на НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“ (Science for Peace and Security – SPS).
По многу години, како што информираат од ЦУК, за првпат сериозно, со јасна визија и силна меѓународна поддршка, започнува процесот на изградба на современ и интегриран систем за управување со кризи во земјава.
- Овој проект претставува значајно признание за капацитетите и посветеноста на институцијата во областа на управувањето со кризи, како и важен чекор кон модернизација на националните системи за координација, рано предупредување и справување со природни непогоди и вонредни состојби. Со имплементацијата на NICS-2 ќе се зајакне меѓуинституционалната интероперабилност, ќе се унапредат капацитетите за донесување одлуки во реално време и ќе се создадат поефикасни механизми за заштита и безбедност на граѓаните - информираат од ЦУК.
Проектот, како што посочуваат од ЦУК, претставува значаен придонес кон зајакнување на меѓународната соработка. Преку оваа иницијатива ќе се овозможи поддршка заедно со партнерите од Украина, преку споделување знаења, искуства и најдобри практики во областа на управувањето со кризи и итни состојби.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
