ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сѐ уште активен

Шест пожари на отворен простор биле евидентирани изминатото деноноќие. Од нив, еден сѐ уште се води како активен, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
За активниот повеќедневен шумски пожар на Беласица, Регионалниот ЦУК - Струмица известува дека е локализиран, но, оти сѐ уште има внатрешно горење на одредени места. Пожарот започна на 10 ноември во подножјето на планината Беласица, помеѓу селата Смолари и Мокрино, општина Ново Село, појаснуваат од ЦУК.
Во текот на вчерашниот ден интервенирале 25 лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Беласица“ - Струмица, со четири теренски возила.
Екипите се повлекле од терен во текот на вечерните часови, а останале четири лица заради контрола. Во текот на ноќта, на терен заминала и ТППЕ - Струмица со петмина пожарникари и две противпожарни возила. Врз пожарот сѐ уште се дејствува, согласно можностите за превенција против негово ширење до негово целосно гаснење, додаваат од ЦУК.
Од изгаснатите пожари, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, покрај гаснењето пожари во урбана средина, имала три интервенции на отворен простор.
ТППЕ - Битола имала две интервенции, во двата случаја интервенирала со по двајца пожарникара и едно противпожарно возило.
Според информација од ТППЕ - Крушево, изгаснат бил пожарот што започна на 3 ноември на место викано „Белушки ледини“, над селото Белушино. Била зафатена поголема површина што дополнително ќе се утврдува колку изнесува просторно.
Изминатото деноноќие, имало 1.561 повик на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК. Од повиците категоризирани како „реални“, кон полиција биле упатени 72,09 отсто, кон Итната медицинска помош - 20,54 проценти, а кон пожарникарите - 4,26 отсто.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
-

Во израелските напади во Либан за 2,5 месеци загинале 3.111 луѓе
-

Рубио изјави дека на сојузниците им треба „План Б“ доколку Иран ја држи затворена Ормуската Теснина
-

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија
-

Путин: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
