ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планините Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), во Општина Чучер Сандево – кај Делеководите (шума), во Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид (мешана шума), во Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), во Општина Теарце – с. Теарце (ниска вегетација) и во Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума – прнар и сува трева).
Под контрола се пожарите во Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација), Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева), Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева) и во Општина Македонски Брод – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).
Според ЦУК, изгаснати се пожарите во Општина Битола – с. Ново Лагово (ниска вегетација), Општина Демир Капија – кај тунелите на автопатот Е-75 (ниска вегетација), Општина Дебар – с. Рајчица (нискостеблеста шума), Општина Боговиње – с. Пирок (ниска вегетација), Општина Новаци – с. Српци и с. Могила (ниска вегетација), Општина Куманово – нас. Средорек (ѓубре), Општина Куманово – нас. Средорек (ѓубре), Општина Куманово – нас. Карпош, ул. 154 (ниска вегетација), Општина Куманово – ул. Никола Тесла (ниска вегетација), Општина Охрид – ул. Ариф Мустафа (ниска вегетација) и Општина Охрид – ул. Стив Наумов, место викано Тумба (ниска вегетација).
МИА
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено