ЦУК: Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

На подрачјето на скопскиот регион не се евидентирани нарушувања на редовната состојба. Во моментов нема врнежи од дожд или снег и состојбата е стабилна, информираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму додаваат дека состојбата во Тетово и околината е стабилна, без нарушувања во редовното функционирање. Сите патни правци се проодни, а коловозите се претежно влажни. Од ЦУК нагласуваат дека ЈП „Македонија пат“ редовно го одржува патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Во врска со одрон што се случил на патниот правец Гостивар – Маврово, кај каменоломот, ЦУК информира дека надлежните служби се известени и најавено е ангажирање екипа за расчистување и нормализирање на сообраќајот.
На територијата на Струмица нема пријави за настанати штети. Во моментов нема активни врнежи и не постои опасност од излевање на реките. Не се евидентирани одрони или непроодни патни правци.
Стабилна е ситуацијата и на подрачјето на Велес. Нема нарушувања, и во моментов нема врнежи од дожд или снег.
На територијата на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките, а водостоите се во опаѓање.
Сите патни правци се проодни и чисти. Патниот правец од село Пелинце до Граничен премин Пелинце бил подмрзнат, но по интервенција од ЈП „Македонија пат“ истиот е целосно расчистен.
Во Крива Паланка, Кратово и Страцин сите главни патни правци се проодни, со тековни интервенции за расчистување на одрони и снег на одредени локални делници. Состојбара е стабилна и во штипскиот регион, каде не се бележат врнежи.
Во Охрид, реката Сушица е ставена под контрола со изградба на заштитен насип. Сепак, на повеќе локации се уште има поплавени подрумски простории и дворови. Во Струшко, во селата Мислешево и Калишта има поплавени дворови, а состојбата се следи од надлежните служби.
Во Дебар, реката Радика има зголемен водостој, но без опасност од излевање. Патните правци се проодни, со појава на помали одрони кои редовно се расчистуваат.
Во Кичево, водостоите на Зајашка река и реката Треска се намалени и нема опасност од нови поплави. Во тек е состанок на Општинскиот кризен штаб за натамошни активности.
Според ЦУК, во Демир Хисар, поради оштетување на мост на Боишка река, локалниот пат за село Мренога е затворен за сообраќај. Реките се вратени во коритата, освен река Црна во атарот на селата Жван и Единаковци, каде се уште има излевање и поплавени земјоделски површини. Во Битола, состојбата е нормализирана, а водата постепено се повлекува од зафатените површини. Нивото на река Црна кај Новаци изнесува 320 см.
Во Ресен, поплавените земјоделски површини се во фаза на повлекување на водата, а во тек се интервенции за расчистување на коритото на Голема Река.
МИА
Ново на Сител
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
-

10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави
-

Зеленски ја потпиша одлуката за нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс
-

Мицкоски: Направивме храбар, историски чекор, очекувам администрацијата да ги подобри услугите кон граѓаните и бизнисот
