ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
На територијата на државата до 18:00 часот има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои активни се четири пожари, еден е под контрола и изгаснати се осум пожари, информираат од Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарот во Јасен, во Општина Македонски Брод каде гори мешана шума, во село Церево, во Општина Маврово и Ростуше, каде гори нискостеблеста дабова шума и сеча, како и на Неготинска петља кон атарот на село Чегране, во Општина Гостивар и кај село Светомитрани, во Општина Крушево, каде гори ниска вегетација.
Под контрола е пожарот кај прилепското село Беловодица, место викано Ливада, каде гори букова шума.
Изгаснати се двата пожари во село Средно Коњаре, Општина Петровец, каде гореше ѓубриште и ниска вегетација и ѓубре, потоа пожарот на Перо Наков б.б во Општина Гази Баба (ѓубриште), пожарот кај село Драслајца во Општина Струга (ѓубриште), во село Сараќино, Општина Тетово (ниска вегетација), село Стрмница, Општина Желино (ниска вегетација), село Облешево, во Општина Чишиново Облешево (ниска вегетација) и село Криволак во близина на мостот пред касарна, во Општина Неготино (ниска вегетација и напуштена нива со овоштарник).
МИА
Ново на Сител
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда
-
Годинава се очекуваат околу 65 милиони килограми од популарната црвена пиперка ајварка