ЦУК: Изминатото деноноќие девет пожари на отворено
Во последното деноноќие регистрирани се девет пожари на отворено во државава. Пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК апелираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Во последното деноноќие имало вкупно 1 924 повици на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици биле 44,75 отсто, а 55,25 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 48,83 отсто, кон итната медицинска помош 46,09 отсто, а кон пожарникарите 2,73 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички