ЦУК: Два пожара на отворено, пронајдено старо оружје
Пожарникарите во скопскиот регион изминатото деноноќие интервенирале на запалено ѓубре во општините Арачиново и Шуто Оризари. Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување биле подигнати уште 32 стари пушки и една рачна граната од балканските војни на битолска територија, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На локација каде се гради нов објект на Територијалната противпожарна единица - Битола во поранешната касарна, вчера биле подигнати уште 32 стари пушки и една рачна граната од балканските војни. Вкупно со претходните неколку денови, неделава, како што истакнуваат од ЦУК, на таа локација досега се пронајдени вкупно 2.871 пушка.
- Пренесени се во магацин и со нив ќе се постапува според стандардните безбедносни оперативни процедури предвидени за вакви случаи. Граѓаните, ако случајно пронајдат оружје, бомби, гранати и слични неексплодирани убојни средства, од безбедносен аспект за нив и околината, важно е да не ги фаќаат и да не ги поместуваат. Едноставно да ги пријават локацијата и виденото на 112 во ЦУК, за надлежните безбедно да ги отстранат и да ги неутрализираат, се наведува во соопштението.
Од ЦУК потсетуваат дека утре и задутре во раните утрински часови, планирано е да се реализира авионската дезинсекција на скопска територија.
- Ако временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на нивните пчели, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Кос
-
Процентот на реализација на процентот на реформи ќе биде понизок, но европските средства не се загрозени
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Голем пожар кај прилепско Бешиште, локализиран пожарот кај Визбегово - од утре забрана за движење во шуми
-
Се запали глисер кај каналот Студенчишта
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски – Кос, централна тема Планот за раст од реформската агенда
-
Филипче ја повика власта заедно да лобираат за неутрален став за македонскиот јазик и идентитет