ЦУК: Два пожара на отворено, пронајдено неексплодирано убојно средство
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало два пожара на отворено.
Од Регионалниот ЦУК Струмица, известиле дека пожарникарите од ТППЕ Струмица, од 13.30 до 15.30 часот, со пет пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалено ѓубре во атарот на с. Баница.
ЈП „Национални шуми“, подружница „Плачковица“ од Радовиш, пак, известила дека пожарот кај с.Коџлија, што започна околу 18.30 часот на ден 27.05.2024 година е изгаснат вчера околу 08:00 часот, при што биле опожарени два хектара дабова деградирана шума.
Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека во 12.53 часот, преку 112 во ЦУК, е добиена пријава за пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС) при изведување на градежни работи на ул.„ЈНА“ во Гостивар. Од ЦУК веднаш се известени МВР - ПС Гостивар и ДЗС Гостивар, местото е обезбедено, а потоа и безбедно ќе се подигне од страна на ДЗС, во текот на денешниот ден.
-Се предупредуваат граѓаните ако случајно пронајдат оружје, бомби, гранати и слични неексплодирани убојни средства од минатите војни да не ги фаќаат и да не ги поместуваат, туку да ја пријават локацијата и виденото на 112 во ЦУК, за надлежните безбедно да ги отстранат и неутрализираат, посочуваат од ЦУК.
Според ЦУК, во последното деноноќие имало вкупно 1.446 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК , од коишто „реални“ повици биле 57,47%, а 42,53% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од реалните повици кон Полиција биле упатени 55,17%, кон Итната медицинска помош 35,96%, а кон пожарникарите 13,94%, птри што сите биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (ЦУК).
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот