ЦУК: До 18 часот осум активни пожари и три под контрола

Центарот со управување со кризи информира дека до 18:00 часот часот регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати.
Активни се пожарите во:
Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума).
Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).
Општина Прилеп: с. Чаниште, крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река и крак кон с. Орле, Општина Новаци (ниска вегетација).
Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (грмушки).
Општина Кичево: с. Горно Строгомиште (стрниште).
Општина Гостивар: с. Тумчевиште (багрем).
Општина Желино: с. Стримница (ниска вегетација).
Општина Охрид: депонија Буково (ѓубре).
Под контрола се пожарите во:
Општина Гевгелија: с. Прдејци – с. Смоквица (сува трева, трња и напуштени ниви).
Општина Гостивар: с. Ѓоновица – с. Симница (ниска вегетација и грмушки).
Општина Делчево: Делчево (депонија).
Изгаснати се пожарите во:
Општина Сарај: с. Рашче (ниска вегетација и мешана шума).
Општина Сарај: с. Раовиќ (ѓубре).
Општина Сарај: с. Семениште (шума и ниска вегетација).
Општина Сарај: с. Грчец (ниска вегетација).
Општина Битола: с. Кременица (ниска вегетација).
Општина Струмица: с. Просениково – с. Сарај (ниска вегетација и ѓубре).
Општина Велес: с. Раштани (сува трева и трња).
Општина Велес: с. Војница (сува трева).
Општина Јегуновце: с. Копанце (мешана шума).
Општина Тетово: ул. 146 во Тетово (ниска вегетација).
Општина Теарце: с. Непроштено (депонија).
МИА
Ново на Сител
-

Сорос подарил 74% од своето богатство, Безос помалку од 5%: Колку навистина донираат најбогатите Американци
-

Венецуела е се поблиску до договор за префрлање над 4 милијарди долари резерви на злато во Њујорк
-

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа
-

Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина
-

Пентагон размислува да повлече речиси една третина од американските сили од Европа и да ги распореди во Кина и Иран
-

Од 1 октомври, голема промена во Хрватска – Се воведува сидрена цена
-

Сончево со локална облачност
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
