ЦУК: Четири интервенции за гаснење запалени оџаци
На Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие имало 1 873 повици, од кои „реални“ биле помалку од половината. Вчера немало немало регистрирани пожари на отворено, но имало дури четири регистрирани пожари на оџаци, покрај други ПП интервенции во населени места, информирата од ЦУК.
- Од 1.873 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие „реални“ повици биле 44,26%, а 55,74% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од реалните повици кон 112 во ЦУК, кон полиција биле упатени 64,86%, кон итната медицинска помош 32,43%, кон пожарникарите 1,02%, а 0,67% кон АМСМ, се вели во соопштението од ЦУК.
Конкретно, пожарникарите од ТППЕ Прилеп во период од 18:25 до 19:30 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запален оџак на ул. „Цане Илиевски“ бр.97 во Прилеп.
Од ТППЕ Охрид во период од 11:40 до 12:40 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запален оџак на ул. „Сирма Војвода“ во Охрид.
Штипските пожарникари од 14:20 до 15:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запален оџак на објект на ул. „Енгелсова“ во Штип и пожарникарите од ТППЕ Куманово од 14:05 до 15:20 часот, со 5 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запален оџак на ул. „Есперанто“ бр.21.
Овие пожари на оџаци, се вели во соопштението од ЦУК, можат да „преминат“ на објект, куќа, што понекогаш и се случува, па затоа е пожелно граѓаните редовно да ги чистат.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска