ЦУК: Активен пожарот кај селото Тумчевиште, под контрола се пожарите во Јасен и во прилепско
Само еден активен пожар има вечерва во земјава и тоа кај селото Тумчевиште, во Општина Врапчиште, информираат од Центарот за управување со кризи. Под контрола денеска до 18:30 часот се ставени три пожари, а изгаснати се 11.
Под контрола се ставени пожарите во Јасен, Општина Македонски Брод каде гореше мешана шума, како и во селата Беловодица во местото викано Ливада и селото Лењиште (букова шума) и во селата Стровија и Долгаец (мешана шума).
Изгаснати се пожарите во:
1. Општина Сопиште: кај Брана Езеро Козјак (ниска вегетација и шума);
2. Општина Студеничани: с. Горно Количани и с. Драчевица планински врв Китка (мешана шума);
3. Општина Кичево: с. Душегубица (ниска вегетација и ниска шума);
4. Општина Охрид: с. Велгошти (ниска вегетација);
5. Општина Велес: с. Клуковец (ниска вегетација);
6. Општина Росоман: с. Дебреште (ниска вегетација);
7. Општина Кавадарци: с. Брушани (ниска вегетација);
8. Општина Демир Хисар: с. Кутретино (депонија);
9. Општина Битола: м.в. Тепсија (ниска вегетација);
10. Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација);
11. Општина Гостивар: во близина на Болница во Гостивар (ниска вегетација).
МИА
Ново на Сител
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред