Црвениот крст собра 16,6 милиони денари за настраданите од земјотресите во Албанија
Вкупно 16.600.437 денари се собрани во акцијата за помош и поддршка на настраданото население од земјотресите кои ја погодија Република Албанија, соопшти денеска генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити.
Акцијата, како што информира Саити на денешната прес-конференција, официјално заврши на 31 декември лани, а средствата собрани до тогаш задутре ќе бидат префрлени во Црвениот крст на Албанија.
Од собраните средства, 13.247.331 денари се донации од компании, 2.670.900 се донирани средства од телефонски оператори и 238.102 денари се донации од граѓаните.
Саити информира дека кон тој износ треба да бидат приклучени и два милиони денари од МЕПСО со кои имаат склучено договор за донација, но поради нивното чекање за добивање решение од Министерство за правда се уште не се добиени, како и средствата од АВМУ во висина од еден милион денари.
На албанскиот Црвен крст, како што наведе Саити, ќе им се даде рок за трошење на тие средства и повратно ќе бараат отчет за потрошените средства во наредните шест месеци од нивното трошење.
Освен парични средства, Црвениот крст донираше и материјална хуманитарна помош за нстраданите.
– Овој народ уште еднаш ја покажа својата солидарност и амбиција да помогне на соседот, да го разбере соседот во неволја и навистина по којзнае кој пат докажуваме дека сме солидарни, хумани и знаеме во вистинскиот момент да го направиме вистинскиот потег, рече Саити.
Тој вели дека веројатно средствата ќе одат во правец на обезбедување на домување на одредени целни групи, помош и поддршка на деца, ученици по училиштата и се што ќе биде во меѓувреме проценето дека е потребно.
На прес-конференцијата присуствуваа и заменик-градоначалникот на Град Скопје Енвер Малиќи и градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.
Ново на Сител
-
Ли: Кина и САД мора да пронајдат вистински начин за соработка во новата ера
-
Медиуми: УЕФА идната недела ќе донесе конечна одлука за евентуална суспензија на Израел
-
Пожар во близина на депонијата кај Арачиново | ФОТО
-
Лавров ги обвини НАТО и ЕУ дека водат „вистинска војна“ против Русија
-
Трамп најави нови царини на лекови, камиони, мебел
-
Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје, ќе биде осветен на 28 септември
-
Без струја повеќе скопски села и општини
-
Во Скопје се одржува Втор состанок за ненадејна срцева смрт во балканскиот регион