Црвениот крст на Северна Македонија испраќа хуманитарна помош за Украина
Црвениот крст денеска ќе испрати хуманитарна помош за настраданото население во Украина.
Хуманитарната помош ќе тргне од Центарот за логистика на Црвениот крст во Скопје во 10:30 часот. За тоа што содржи помошта и за текот на акцијата за нејзино собирање ќе информира генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити.
Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучи кон апелот објавен од страна на украинскиот Црвен крст за помош уште кон крајот на февруари, веднаш по започнувањето на рускиот напад врз Украина.
Заради поефикасно собирање и координација на хуманитарната помош за Украина, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за надворешни работи и Црвениот крст.
Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можеа да се вклучат во акцијата со издвојување средства на сметка на Фондот на солидарност на Црвениот крст, како и на отворениот телефонски број за донација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето