Црвен крст со четири тима за справување со топлинските бранови
Црвениот крст на град Скопје, со поддршка на град Скопје подготви акциски план за теренски активности за справување со евентуални топлински бранови. По четири мобилни томови од утре до петок од 11 до 17 часот ќе патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки.
- Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ градот Скопје, ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето, се наведува во соопштението од Црвениот крст.
За активностите во наредниот период, ќе бидат ангажирани 40 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, 10 волонтери од Тимот за спасување на планина и пет возила од кои четири ќе патролират низ градот, а две за време на викенди ќе бидат дежурни на Планинско спасителните станици Водно и Матка.
Тимот за спасување на планина при Црвен крст на град Скопје како и секоја година така и оваа активно се вклучува во активностите околу превенирање и намалување на штетите предизвикани од топлотниот бран и пожарите. Волонтерите од тимот, преку пропагандниот материјал ќе влијаат на свеста на граѓаните и нивните навики кога се движат низ планинските предели и во соработка со Шумска полиција од 1 овој месец до крајот на август се активни во давање совети како да се заштитат од топлотнитиот бран и да им укажат Прва помош доколку е потребно.
Ново на Сител
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес