Црногорскиот министер за европски прашања поднесе оставка
- Црногорскиот министер за европски прашања Александар Андрија Пејовиќ денеска поднесе оставка на функцијата, откако беше обвинет за судир на интереси.
Црногорската Агенција за борба против корупција оцени дека Пејовиќ има судир на интереси, бидејќи од мај минатата година покрај министерската, ја извршувал и функцијата амбасадор во Мисијата на Црна Гора во ЕУ.
Пејовиќ соопшти дека оставката ја поднесува од морални причини, со цел да ја ослободи Владата од притисокот да мора да ја спроведе одлуката на Агенцијата за борба против корупцијата.
Тој нагласи дека и покрај поднесената оставка, смета дека не го прекршил законот, наведувајќи дека слични примери има и во Хрватска и во Србија, каде главните преговарачи за членство во ЕУ во исто време биле и амбасадори во нивните мисии во Унијата.
Извори во црногорската Влада соопштија дека премиерот Душко Марковиќ ја прифатил оставката на Пејовиќ.
Ново на Сител
-
Јапонец украл амбулантно возило зашто не сакале да го одведат во болница
-
Ракопис на Боб Дилан продаден на наддавање за 508.000 долари
-
Номинираните за овогодишните „Оскари“ ќе бидат објавени денеска
-
Трипуновски: Охридското Езеро ќе биде порибено со милион единки подмладок на ендемичниот вид пастрмка
-
Обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“ добија амнестија
-
Во Украина рации против шверцерите со оружје и муниција
-
Приведен крадец во Гостивар, одземеното вратено на сопственикот
-
Продолжува растот на заболени од грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Кратово