Реџепи: Ако Алтернатива ја урне Владата заедно со Левица, ќе ја напуштам партијата
Пратеникот Скендер Реџепи - Зејди вчеравечер во гостување во ТВ21 изјави дека Села му кажал дека не доаѓа предвид Левица да биде дел од мнозинството.
„Зијадин Села ми рече дека не доаѓа во предвид Левица да биде дел од ова мнозинство. Јас мислев дека во тоа мнозинство ќе бидат БЕСА и ЛДП, бев прелажан. Народот кој ме гласал не ми дал мандат да седнам на иста маса со Левица која е антиалбанска партија, анти НАТО и анти ЕУ“, порача Реџепи.
Тој беше дециден дека доколку Алтернатива одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти партијата, а најверојатно ќе го напушти и пратеничкиот мандат.
„Во моментот кога политичкиот субјект на кој припаѓам (Алтернатива) утре или задутре, одлучи да го прифати потписот заедно со Левица на списокот, тогаш мојата одлука ќе биде сигурно напуштање на партијата, можам дури и да го вратам пратеничкиот мандат“, рече Реџепи.
Ново на Сител
-
МВР со детали за верижната сообраќајка на Скопска обиколница
-
Спасени три питбули и дорбеман користени за борби на кучиња во Врапчиште
-
Во Словенија утре Ден на жалост поради загинувањето на тројцата рудари
-
Магла во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица
-
Слоновите во САД не се луѓе, пресуди највисокиот суд во Колорадо
-
Јапонец украл амбулантно возило зашто не сакале да го одведат во болница
-
Ракопис на Боб Дилан продаден на наддавање за 508.000 долари
-
Номинираните за овогодишните „Оскари“ ќе бидат објавени денеска