Црногорската Влада бара проверка на довербата
Црногорската Влада, во последниот ден од оваа година, од Парламентот побара да гласа за доверба на тимот предводен од премиерот Мило Ѓукановиќ.
Во барањето, како што наведуваат црногорските медиуми, се наведува дека во поголемиот дел од тригодишниот мандат намало јасна политичка поддршка од парламентарното мнозинство за коалициската Влада составена од Демократската партија на социјалисти (ДПС) и Социјалдемократската партија (СДП).
На претседателските избори пред две години, СДП не го поддржа кандидатот на ДПС Филип Вујановиќ.
Иницијативата за проверка на довербата на Владата на дневен ред пред парламентарците би можела да се најде во втората половина на јануари, пренесува Ал Џезира Балкан.
Доколку Владата не ја добие поддршката на мнозинството пратеници, ќе се распишат вонредни избори, на кои, според последните анкети, ДПС на Ѓукановиќ ќе освои 45 отсто од гласовите. Според истото истражување на Ипсос, спроведено во декември, на второ место е Демос, со поддршка од 13 проценти на граѓаните, додека Демократскиот фронт и Граѓанското движење УРА ги поддржуваат осум отсто од испитаниците.
Над изборниот праг се и Социјалистичката народна партија и Демократи со шест отсто и Социјалдемократската партија со четири отсто поддршка.
Ново на Сител
-
На Токсикологија нема пациенти кои го следеле „Тикток“ предизвикот со парацетамол
-
Обвинителот побара доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
530 возачи казнети во Скопје, 238 за пребрзо возење, 43 за возење без возачка, 10 под дејтсво на алкохол
-
Се чека одговорот на членовите на Судскиот совет
-
Еуроактив: Бугарија нема да попушти
-
Муцунски во посета на Австралија
-
СДСМ: Мицкоски потрошил 60.000 евра на социјални мрежи
-
Малолетниците кои кршат по паркови ќе работат општокорисна работа