Црногорската опозиција смета дека за членство во НАТО треба да се одлучи на референдум
Поканата за Црна Гора за почнување на дијалогот за приклучување кон НАТО е последица на геостратешките интереси на НАТО, а не е резултат на спроведените реформи во областа на безбедноста, одбраната и борбата против корупцијата и организираниот криминал во Црна Гора, односно постигнување на неопходните стандарди, смета дел од црногорската парламентарна опозиција, пренесе Танјуг.
Опозицијата, исто така, смета дека за приклучувањето на Црна Гора кон НАТО треба да се изјаснат граѓаните на референдум.
Лидерот на ДЕМОС, Миодраг Лекиќ, вели дека референдумот за влез во НАТО е единствената демократска, фер и стабилна солуција на која оваа партија ќе инсистира.
- Со брзање и силна пропаганда во време на воени судири и кризи, на големи промени во светот, па и на односите на сили, Црна Гора да се вбројува во воени сојузи е знак дека власта покажува неодговорност, пед се, кон граѓаните, рече Лекиќ за агенцијата МИНА.
Тој смета дека министерскиот собир на НАТО на црногорската јавност и должи образложение за, како што кажа, наводниот напредок на Црна Гора во областа на правната држава, резултатите во борбата против криминалот и корупцијата и мнозинското расположение на црногорските граѓани за влез во Алијансата.
-Овде добро се знае дека првиот елемент не постои, а вториот е во најмала рака спорен. Имајќи ги предвид наведените факти и биланс на се што е направено излегува дека за кредибилитетот на НАТО ќе биде подобро воопшто да не поставуваше јавни услови за упатување покана, оцени Лекиќ.
Министрите на земјите членки на Северноатлантскиот воен пакт донесоа погрешна одлука со која се креваат тензии во нашата земја, наведе претседателот на СНП, Срѓан Милиќ.
- Да и се испрати покана на Црна Гора, чие мнозинство граѓани се противат на полноправното членство во Северноатлантскиот пакт, претставува директна агресија врз мирот, стабилноста и безбедноста на граѓаните на нашата држава, порача Милиќ.
Движењето за промени се залага за полноправно членство на Црна Гора во НАТО, но дека тој процес мора да биде резултат на внатрешните реформи во секторот за безбедност и одбрана и демократизација на земјата, порача лидерот на ова движење Небојша Медојевиќ. За поканата, како што наведе, нужно е граѓаните на Црна Гора да се изјаснат на референдум.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице