Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром
Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром се засили денеска со повремениот црногорски репрезентативец Немања Милошевиќ, промовирајќи го своето најново засилување на една недела пред стартот на новата сезона во домашното првенство.
Искусниот 34-годишен крилен центар (204 см) доаѓа од редовите на новиот член на АБА лигата, подгорички Студентиски центар.
Претходно во кариерата Милошевиќ настапуваше за Морнар, Јамбол, Бургас, Бриндиси, Орлеанс, Орадеа, Лукоил и Солнок, а зад себе има шампионски титули во Црна Гора и Бугарија.
Милошевиќ ќе им се приклучи на хрватскиот интернационалец Роберт Рикиќ, како и на Американците Дастин Вер и Хуан Дејвис, кои од почетокот на подготвителниот период се дел од МЗТ Скопје.
МЗТ Скопје сезоната ја почна со трофеј во Суперкупот, по саботната победа над Работнички од 79: 78.
Ново на Сител
-
Шукова: Старата чаршија ќе заживее
-
Загрижувачки тренд на пораст на бројот на пацинетки со карцином на дојка
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинг на коалицијата на СДСМ во Кавадарци
-
Митинг на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар
-
Активности на помалите партии и независински кандидати
-
Тема на денот со Златко Кузманов, д-р по безбедност и претседател на Центарот за Интегрирана безбедност
-
Пациентите со дијабетес бараат редовни офталмолошки скрининзи за ретинопатија за да спречат слепило