Црногорец џихадист убиен во Сирија
Адем Мустафиќ, од црногорскиот пристанишен град Бар, кој се борел на страната на терористичката организаиција Исламска држава е убиен во Сирија.
- Мустафиќ во Сирија заминал пред речиси една година и бил еден од главните организатори за регрутирање млади од подрачјето на Црна Гора за боиштата во Сирија и Ирак, јави тиранската телевизија Ора њуз, пренесува дописникот на МИА од Тирана.
Според истиот извор тој е петтиот црногорски државјанин кој гине на тамошните боишта.
Официјална бројка на црногорски државјани кои се борат на страната на ИД нема, но неофицијално се споменуваат бројки од повеќе десетици.
Лани, Парламентот на Црна Гора усвои измени на кривичниот законик со кои се предвидува казна затвор во траење од две до десет години за сите оние кои во спротивност со меѓунароното право, регрутираат или подготвуваат лица или групи за учество во странски војни.
Ново на Сител
-
На Клинички побрзо се заршува кај лекар отколку да се најде слободен паркинг
-
Владата најавува инвестициски циклус од 6 милијарди евра
-
За една деценија државата „загубила“ 28 000 ученици
-
Избори во Германија
-
Преглед на вестите од светот
-
Европскиот фронт ќе оди со заеднички листи
-
Се планира довршување на заградите во капмпусот на УКИМ
-
20 години агенција за радијациона сигурност