-->
-->
Црни магии на естрадата: Рада Манојловиќ се сомнева дека некој ја урочил и затоа не е среќна во љубовта
-->
Од неодамна Рада Манојловиќ раскина со Харис Берковиќ, но пејачката се сомнева дека нејзината врска ја пресудиле „вештици“. Манојловиќ од неодамна откри како соседите во нејзиниот роден град ѝ правеле магии, затоа што сешто наоѓала во дворот.-Моето соседство, источна Србија, се е со магии. Многу пати сме наоѓале свеќи надвор, заврзани со црвен конец, закачени горе и свртни наопаку, да горат и привлекуваат кон тој свет. Но, тоа не може да влијае на нас, туку се враќа кај нив, рече Рада за „Alo!“.
Таа доживеа нервен слом кога го фати момчето како ја мами и долго време не сакаше да поверува дека Харис е неверен, но кога девојката со која Берковиќ заврши во кревет ѝ испратила фотографија, Манојловиќ се увери дека ја изневерува.
-Рада се сомнева дека некој ја урочил и дека затоа не е среќна во љубовта. Дури и оваа врска ѝ се распадна и покрај фактот дека се бореше со сите сили да останат заедно и Харис да го прифатат нејзините пријатели и семејство, што во почетокот воопшто не беше лесно, открива извор близок до пејачот и продолжува:
-Таа беше очајна кога ги виде фотографиите од креветот со друга девојка. Се прашуваше зошто не може да најде момче со кого ќе има стабилна врска. Сите нејзини пријателки се омажиле, но и на естрадата е една од ретките која е без сопруг. Дури и таткото често ја предупредува дека е време да се направи „гнездо“. Таа е свесна за љубомората меѓу нејзините колешки и претходно се сомневаше дека некој ѝ прави црна магија, но сега е убедена во тоа. Таа неодамна се довери на најдобрата пријателка дека мисли оти некои „вештици“ ја уништиле нејзината врска со Харис, заклучува соговорникот.
.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд, на планините од снег
-

Мицкоски: Над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти се подигнати, искористеноста околу 99 проценти
-

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи
-

Акциска контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од малолетници
-

Червар: Правилата мора за се променат
-

Иран за првпат потврди: За време на сузбивањето на антирежимските протести апсени и деца
-

Спомен-обележјето за загинатите во пожарот во „Пулс“ ќе се гради на бараната локација
-

Почина Кетрин О’Хара, ѕвездата од „Сам дома“
