Балкан
15. March 2020 - 12:14

Црна Гора: Под надзор 638 луѓе, заразени со Ковид-19 нема во државата

Во Црна Гора има 638 лица под медицински санитарен надзор кои биле во области со широко распространет коронавирус во текот на изминатите 14 дена, соопшти Институтот за јавно здравје.

Тие нагласуваат дека завршиле уште пет лабораториски тестови на новиот коронавирус во саботата, а сите резултати беа негативни.

Досега нема регистрирани случаи на заразени со Ковид-19 во таа држава.