Црна Гора отвори уште две поглавја од преговорите со ЕУ

Црна Гора денеска во Брисел започна преговори по уште две поглавја од договорот за членство во ЕУ, соопшти црногорското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека станува збор за поглавјата 14 - Сообраќајна политика и 15 - Енергетика.
- ЕУ внимателно го разгледа актуленото ниво на подготвеност на Црна Гора за отворање на преговорите по поглавјата 14 и 15. При тоа е нагласена потребата Црна Гора да продолжи да оставрува напредок во усогласувањето со правните норми и нивното спроведување во овие поглавја, се додава во соопштението.
Како што јави Танјуг, црногорското Министерство наведува и дека ЕУ констатирала оти постојат норми што треба да бидат исполнети за да може да бидат затворени преговорите по овие поглавја.
По завршувањето на денешната рунда преговори во Брисел, црногорскиот министер за надворешни работи и европски интеграции Игор Лукшиќ истакна дека отворањето на поглавјата „е резултат на решителните реформи и активности спроведени во претходниот период“.
- Овој успех ни овозможува годината да ја завршиме со квалитетни резултати на полето на европските интеграции, при што Црна Гора по три и пол години преговори, отвори 22 преговарачки поглавја, до кои две веќе се привремено затворени, посочи Лукшиќ.
Според Лукшиќ, двете поглавја по кои преговорите почнаа денеска се од исклучително значење за црногорското општество, бидејќи дирекно се однесуваат на потребите на граѓаните кога се во прашање мобилноста, подобрата поврзаност, пристапот до енергија, енергетската ефикасност и заштитата на животната средина.
- Почетокот на преговорите во овие области значи отворање на патот кон нови активности за финализација на започнатите реформи, кои имаат за цел граѓаните да почувствуваат конкретна полза од зачленувањето во ЕУ, додаде Лукшиќ.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Тошковски ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги ставиле партиските калкулации над човечките животи
-

Со едукација до свесно родителство | Марија Саздева | Личен Развој | Sitel Podcast 136
-

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ го посети ФК Силекс на подготовките во Анталија
-

Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби
-

Во велешката болница било донесено починато шестогодишно дете од Градско
-

Кривична за управител на правно лице, со фалсификување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
