Црна Гора го слави Денот на независноста
Црна Гора денеска го одбележува Денот на независноста, 16 години откако ја напушти државната заедница со Србија, по референдумот и откако ја врати независноста.
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ по повод празникот изјави дека земјата денеска цврсто стои на европскиот пат и е почитувана членка на НАТО.
Во својата честитка, Ѓукановиќ кажа дека се повеќе граѓани во Црна Гора ја гледаат важноста од победата на референдумот во 2006 година.
„Развојот на ситуацијата во Црна Гора, како и регионалниот и меѓународниот контекст потврдуваат колку визионерска била одлуката за обнова на државата. И колку е важно, особено во вакви турбулентни времиња, да го имаме кормилото на управувањето со државата во наши раце“, истакна Ѓукановиќ.
Црна Гора, додаде тој, веќе е почитувана членка на НАТО и цврсто стои на европскиот пат.
Црногорскиот премиер, Дритан Абазовиќ, на приемот што го организираше по повод Денот на независноста рече дека по 16 години треба да се запрашаат дали е направено доволно за да се зајакне Црна Гора и да биде прифатлива за сите.
„Нашата намера е овој ден да го слават сите граѓани на нашата држава, без разлика како гласале пред шеснаесет години, како се изјаснуваат и кому му се молат на Бога….Тврдам дека без сите вас нема ја помири и развие Црна Гора“, истакна Абазовиќ.
Затоа, додаде црногорскиот премиер, не смееме да дозволиме непочитувањето на различните мислења да произведува поларизација во општеството, аверзија кон државата и нејзините симболи.
„Мораме да ставиме крај на ова, бидејќи нема поголем противник на просперитетот и богатството на Црна Гора од вештачките поделби на општества“, рече Абазовиќ.
Според официјалните резултати, на референдумот во 2006 година гласале 419.240 Црногорци, или 86,5 отсто од вкупниот број избирачи. Независноста на државата ја поддржаа 230.661 или 55,5 отсто од граѓаните на Црна Гора, а 185.002 или 44,5 отсто гласале за останување во заедничката држава со Србија.
Ново на Сител
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
-

Политички обвинувања за градење згради во Дубаи, но и за србофобија
-

Ѓорѓиевски: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка на градот
-

Рекорден буџет и големи капитални вложувања за Центар во 2026
-

Наместо намалување, зголемување на пропишување на антибиотици – Фондот во 2026 со нова политика
-

Преглед на вестите од светот
