Црн рекорд во Индија: Околу 4.000 починати за едно деноноќие
Индија објави рекорден број нови случаи на Ковид-19, 412.262 и рекорден дневен биланс на починати, 3980.
Во втората по бројност земја во светот, бројот на заразени со Ковид-19 надмина 21 милион, а досега починале 230.168 лица како резултат на коронавирусот.
Светската здравствена организација (СЗО) во неделниот извештај соопшти дека речиси половина од сите случаи на коронавируси пријавени минатата недела ширум светот и една четвртина од смртните случаи се пријавени во Индија.
Ковид-кризата е најтешка во главниот град Њу Делхи и другите градови, но во руралните области, каде што живеат речиси 70 проценти од 1,3 милиони луѓе во Индија, ограничената здравствена заштита претставува уште поголем предизвик.
„Ситуацијата во селата стана опасна“, рече Суреш Кумар, теренски координатор на добротворната организација за човекови права Манав Сансадхан Евам Махила Викас Санстан.
„Луѓето се исплашени и се собираат во своите домови со треска и кашлица. Ова се симптоми на Ковид-19, но многумина мислат дека тоа е сезонски грип бидејќи нема достапни информации“, велат од Министерството за здравство.
Главниот научен советник во Индија предупреди на можен трет бран на заразени со коронавирус.
„Третиот бран е неизбежен со оглед на високото ниво на циркулирачки вирус“, рече главниот научен советник на владата на брифинг со новинарите .
„Но, не е јасно кога ќе дојде оваа трета фаза. Треба да се подготвиме за нови бранови“, рече тој.
Премиерот Нарендра Моди се најде на удар на критики затоа што не постапил навреме и правилно за да го задуши вториот бран, откако верските фестивали и политички митинзи привлекоа десетици илјади луѓе во последните неколку недели и станаа настани за „супер-ширење“ на вирусот.
Ново на Сител
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје
-
Тема на денот со Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Филипче обвинува за политичка хајка против него за скандалот на онкологија - Мизрахи тврди дека тој се правдал
-
Без мотор и со делови од други возила - министерското БМВ на Груби пронајдено во сервис во Куманово
-
Борците од НОБ бараат Касами да не ги менува имињата на улиците
-
Во Струмица активиран алармот за загадениот воздух, ПМ 10 честичките пак го надминаа критичниот праг