ЦИВИЛ: Бескомпромисно почитување на човековите права и слободи
На Меѓународниот ден на човековите права, ЦИВИЛ – Центар за слобода испраќа јасна и недвосмислена порака до институциите дека човековите права и слободи се нивна прва и последна обврска, На овој ден, како и секој друг ден во годината, повикуваме на акција и вклучување на сите граѓанки и граѓани во одбрана на човековите права и слободи во духот на солидарноста и почитувањето.
Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Универзалната декларација за човекови права во Париз, на 10 декември 1948 година. Декларацијата произлезе од мрачното искуство во Втората светска војна и потребата за заштита на основните права на човекот. Првиот член на Декларацијата „сите луѓе се раѓаат слободни и рамноправни во достоинството и правата“ ги гарантира правата и слободите на секој човек на оваа планета. Со самото раѓање, секој се стекнува со сите права опишани во Декларацијата.
Граѓанките и граѓаните уште се мета на дискриминација врз основа на политичка припадност, етничка и верска припадност, род, социјален или здравствен статус и сексуална ориентација. Структурното насилство, селективната правда, дивеењето и грабежот на јавните пари, а слободата на говорот и медиумите уште се борат со ерозиите во општеството.
ЦИВИЛ укажува дека е неприфатливо селективно почитување на човековите права и слободи, делумно почитување на колективни права само на некои заедници, на сметка на други заедници и категории на граѓанки и граѓани. Неприфатливо е почитување на човековите права на колективитети, а занемарување на правата на поединците.
Сите граѓанки и граѓани се добредојдени да го одбележат Меѓународниот ден на човековите права, заеднички, во активистички дух, да испратиме силна порака за почитување на човековите права и слободи, секаде и без исклучок.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце