Цивика мобилитас ќе ги промовира новите грантови за граѓанските организации

Цивика мобилитас денеска ќе помовира институционални грантови за 20 граѓански организации, специфични грантови за седум граѓански организации, мали акциски грантови за 12 граѓански организации и ад хок грантови за девет граѓански организации.
Поддршката, како што наведуваат од организацијата, треба да ги зајакне граѓанските организации во насока на поактивно ангажирање за постигнување општествени промени во Македонија, за што се залага Цивика мобилитас.
Амбасадорката на Швајцарија во Македонија Сибил Сутер Тејада ќе ги поздрави присутните и ќе им ги врачи договорите на грантистите.
По промоцијата ќе биде одржана презентација на специфичните акциски грантови кои почнуваат со нивните активности.
Новата фаза на Цивика Мобилитас ќе обезбеди поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество во периодот од 2014 до 2018 година. Буџетот на програмата изнесува околу осум милиони швајцарски франци кои ги обезбеди Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).
Ново на Сител
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
-

ОЈО: Истрага за претседател на суд и судски администратор
-

Рокас: Има забрзување на процесот на реформите
-

Тешко повреден кумановец во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Скопје
