Ципрас: За решавање на спорот за името неопходна е желба од двете страни

Предуслов за надминување на спорот меѓу Грција и Македонија околу името е да има желба на двете страни да се најде решение, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната заедничка прес-конференција во Белград со претседателот на српската Влада Александар Вучиќ.
- Во последните неколку години покажавме видлива трпеливост. Сакаме да се реши проблемот, но тешко е да се дојде до решение доколку некој инсистира на непријателски ставови и тежнее кон национализам што не е во согласност со нашите ставови, рече Ципрас.
На прашањето дали Србија може да помогне во решавањето на спорот меѓу Грција и Македонија, српскиот периер Вучиќ посочи дека Србија е мала земја за да може да решава светски прашања, но додаде дека е подготвена да учествува во разговорите доколку некој го побара тоа.
- Ние сме мала земја за сами да ја преземеме улогата за решавање на големи прашања... Но, подготвени сме да помогнеме доколку од нас побараат. Сепак, нема сами да инсистираме, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
