Ципрас телефонски разговарал со Трамп
Грчкиот премиер Алексис Ципрас вчера телефонски разговарал со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, соопшти кабинетот на грчкиот премиер.
Како што јави допсиникот на МИА од Атина, Ципрас му честитал на Трамп за неговата победа на изборите во САД и ги истакнал блиските врски на пријателство и соработка меѓу грчкиот и американскиот народ.
Во разговорот бил ставен акцент на клучната улога на Грција за мирот и безбедноста во регионот, особено во време на зголемена нестабилност, и биле истакнати големите напори што ги вложил грчкиот народ за да се соочи со економската и бегалската криза, се вели во соопштението.
Ципрас и Трамп ја потврдиле и важноста од зајакнување на стратешката соработка меѓу двете земји во повеќе области и се согласиле да одржуваат редовна комуникација во наредниот период.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи