Ципрас реизбран за лидер на СИРИЗА
Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, за време на вчерашните партиски избори, беше реизбран за претседател на партијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Ципрас немаше против кандидат, а по завршувањето на гласањето, кое поради големиот интерес беше продолжено за еден час, лидерот на опозициската партија се осврна на масовното учество во процесот, посочи дека биле вклучени над 110.000 нови членови и дека беше направен „голем, значаен и решителен чекор за одново да се врати надежта во земјата“.
-СИРИЗА, со 30.000 членови, во минатото победи во три круга избори. СИРИЗА, со 172.000 членови денес, сигурно ќе биде првата партија со разлика на следните избори, тогаш кога господинот Мицотакис ќе реши да распише избори, истакна Ципрас.
Додаде дека СИРИЗА стана „најмасовната партија со активни членови во Грција и една од најмасовните партии на левицата во цела Европа“, што според него е „исклучително важен успех“.
Освен за претседател, членовите на СИРИЗА гласаа и за членови на Централниот комитет на партијата.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори