Ципрас организира средба со лидерите од шест земји од јужна Европа

Грчкиот премиер Алексис Ципрас упатил покани за средба до лидерите на шест земји од јужна Европа, на која би се разговарало за предизвиците на ЕУ на економско, политичко и институционално ниво, јави АНА-МПА.
Според извори во грчката Влада, поканата за средбата, предвидена за 9 септември, е упатена до лидерите на Италија, Кипар, Малта, Португалија, Франција и Шпанија.
Ваквата иницијатива на Ципрас се поврзува со идејата разгледувана на неговата средба со италијанскиот премиер Матео Ренци на маргините на Самитот на ЕУ на 28 и 29 јуни, за создавање на „Алијанса на европскиот Југ“, преку која би се координирале државите членки на Унијата од јужна Европа.
Магазинот „Еуроактив“ наведува дека ваквата идеја наишла на поддршка од страна на францускиот претседател Франсоа Оланд и португаслкиот премиер Антонио Коста, особено по одлуката на Велика Британија за напуштање на ЕУ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
