Ципрас: Нема шанси повторно да се отвори балканската рута

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави денеска дека нема шанси балканската рута повторно да биде отворена и ги повика мигрантите од Идомени да преминат во прифатните центри.
- Унилатералните акции на земјите од балканската рута не се преземени случајно и ние сметаме дека не постои шанса повторно да ја отворат, оние кои ја затвориле, рече Ципрас.
Тој апелираше до бегалците и мигрантите да се откажуваат од постојаните напори да останат во Идомени на грчко-македонската граница затоа што со тоа, како што рече, тие ги ризикуваат своите животи, пренесува Танјуг.
- Бараме од нив да се преселат во прифатните центри, кои грчката Влада ги отвори за нив, во хумани услови, а заедно ќе работиме на забрзување на нивниот легален трансфер во Европа, рече Ципрас.
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
