-->
-->
Ципрас најавува закон за вработување на лица со посебни потреби во јавниот сектор
-->
Вкупно 15 проценти од работните места во јавниот сектор ќе бидат пополнети со лица со посебни потреби, изјави грчкиот премиер премиер Алексис Ципрас на настан во чест на членовите на грчката мисија на Параолимписките игри во Рио де Женеиро.
Ципрас информира дека законот што ќе го регулира ова прашање ќе биде поднесен во Парламентот следните неколку дена.
Обраќајќи им се на спортистите со хендикеп, грчкиот премиер истакна дека мерката е со цел да се даде опиплива поддршка на нивната секојдневна борба, но исто така и постојан потсетник на општеството дека тие не се граѓани од втор ред. Ципрас додаде дека квалитетот и моралот на една земја се одразува пред се во третманот на своите најслаби членови, со цел да ги направи уште посилни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДУИ со честитка за Божиќ, но и загриженост од недостигот на волја за соживот
-
Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна
-
Илјадници без струја и вода во Ирска поради екстремни временски услови
-
Пронајдени мигранти, приведени двајца криумчари
-
Хамас подготвен за ослободување заложници како дел од договор
-
Златен глобус 2025: Доминација на „Бруталист“ „Емилија Перез“ и „Шогун“
-
Лепче со паричка на Бадник или на Василица?
-
Почувствуван земјотрес во Скопје и околината