Ципрас најави социјални додатоци во висина од 1,4 милијарди евра
Семејства со ниски годишни примања, со или без деца, пензионери на кои им биле скратени пари од здравственото и пензиско осигурување во изминатите години ќе добијат дел од социјалниот додаток кој вчеравечер, преку обраќање до јавноста го соопшти грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Износот е 1,4 милијарди евра одвоен за бонусот за социјално загрозените Грци и оние кои во изминатите години беа жртви на кризата.
За првата категорија која опфаќа 3,4 милиони граѓани предвидени се 720 милиони евра кои ќе бидат распределени во зависност од годишните примања, имотната состојба и семејниот статус.
Семејствата со 2 деца, со годишен приход од 6000 евра ќе добијат 900 евра, оние со 12.000 евра годишно, сега ќе добијат помош од 700 евра, а за приход од 18.000 евра, предвиден е бонус од 500 евра.
За брачни парови без деца, со годишен приход од 4000, 9000 или 13 500 евра, предвидени се 675, 525 и 375 евра соодветно.
Домаќинства со еден член кои имаат годишни примања во висина од 3000, 6000 и 9000 евра, социјалниот додаток, според Ципрас, ќе биде 450, 350 и 250 евра соодветно.
Втората категорија се однесува на пензионерите на кои им биле задржани и скратени пари од здравствените придонеси во периодот меѓу 1 јуни 2012 - 30 јуни 2016. За нив владата одвои 315 милиони евра кои ќе бидат распределени за пензионери кои сега имаат пензии во висина од 1100, 1200 и 1300 евра. Првите ќе добија 240, вторите 370, третите 450 евра.
Останатиот износ од предвидените 1,4 милијарди евра, односно 360 милиони евра ќе бидат доделени на државната компанија за електродистрибуција за да ги покрие трошоците за следната година за социјалните услуги кои се вклучени во сметките за струја, а со тоа ќе се избегне дополнително покачување на сметките.
Во 14-минутното, ненадејно и ненајавено обраќање до граѓаните, грчкиот премиер говореше за тоа што до сега го направила неговата влада, за намалување на невработеноста во Грција, за буџетот кој оваа година има примарен суфицит, но и за излез од кризата во август следната година.
Социјалните додатоци на грчката влада во висина од 1,4 милијарди евра, ќе треба да бидат изгласани во грчкиот парламент, а предизвикаа негативни реакции од опозициските партии кои говорат за пари на граѓаните собрани од огромните даноци.
И минатата година, кусо пред Божиќ, грчкиот премиер најави бонуси, кои тогаш беа во висина од 617 милиони евра.
Ново на Сител
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“
-
Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најави министерката за образование Јаневска
-
МЖСПП: Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро
-
Платформата на “СКОПСКО” продолжува со својата мисија за заштита на нашите природни богатства