Ципрас ќе ги информира претседателот, министрите и лидерите на политичките партии за името
Грчкиот премиер Алексис Ципрас, на одделни состаноци, ќе ги информира претседателот на државата, раководството на Министерството за надворешни работи, коалициониот партнер во владата и лидерите на политичките партии за последните случувања во прашањето со името.
Според грчките медиуми, Алексис Ципрас утрово веќе имал средба со неговиот коалициски партнер и министер за одбрана Панос Каменос, а за 15 часот е закажан мини министерски совет во премиерската палата, на кој ќе присуствува и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и неговите заменици.
Дописникот на МИА од Атина јавува дека попладнево, во 18.30 часот, грчкиот премиер ќе се сретне и со претседателот Прокопис Павлопулос за да го информира за „развојот на настаните во националните прашања“.
Во текот на утрешниот ден, според соопштение на кабинетот на премиерот, Ципрас во премиерската палата ќе има одделни средби со лидерите на политичките партии.
Останува отворено прашањето колку од претседателите на партиите и членови во грчкиот парламент ќе ја прифатат поканата на Ципрас.
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
