Ципрас: Грција ги исполнува своите обврски во бегалската криза

Грција ги исполнува своите обврски во врска со управувањето со бегалската криза, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас за објавувањето на извештајот на Европската комисија, во кој на земјата и се дава негативна оценка за примената на Шенгенскиот договор, информираа грчките медиуми.
Во извештајот на Грција и се упати закана со нејзино привремено исклучување од Шенгенскиот простор, доколку за три месеца не направи поефикасна контрола долж надворешните граници на Европската унија и не ги подобри процедурите за идентификација на бегалците и мигрантите.
- Грција се надминува себе си за да ги испочитува своите обврски и очекуваме од сите да го направат истото, изјави владиниот портпарол Олга Геровасили, коментирајќи го извештајот.
Таа истакна дека „клучот за управувањето со бегалскиот прилив се наоѓа во Турција и во почитувањето од нејзина страна на договореното“.
- Договорот со Турција досега не даде резултат, кажа уште Олга Геровасили и додаде дека Грција повеќе пати инсистирала на зголемување на човечкиот потенцијал во европската агенција за управување со надворешните граници на ЕУ (Фронтекс).
Геровасили посочи дека не се реализира програмата за раселување, како што беше договорена на Европскиот совет на 23 септември, и дека од 160.000 бегалци само 414 биле раселени.
- Прашањето е многу сериозно и тактиката на взаемни обвинувања не го прави ефикасно решавањето на овој проблем со историска големина, за кој се бараат заеднички дејствија на земјите од Европа, уште изјави портпаролката на грчката Влада.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
