Ципрас: Договорот со кредиторите е резултат на притисок врз Грција

Резултатот од самитот во Брисел е резултат на притисок извршен врз земјата, но договорот кој ќе се постигне ќе и овозможи на Грција да избегне грегзит и ќе ја стави земјата на одржлив пат, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за ЕРТ.
- Минатата ноќ беше лоша ноќ за Европа, рече Ципрас коментирајќи го самитот кој заврши во понеделникот наутро во Брисел, додавајќи дека начинот на кој другите се занимавале со Грција „не ја почитувал традицијата на демократска Европа“.
- Се обидов со силата на целата моја душа да добијам колку што можам повеќе... Резултатот од средбата на врвот и на Еврогрупата е резултат на притисок врз земјата да им задоволи на желбите на помоќните земји во Европа, рече Ципрас.
Тој појасни дека, сепак, изборите кои и биле презентирани на Грција биле или договор под овие услови, или банкрот и на крајот излез од еврозоната.
- Добивме договор кој вклучува тешки реформи, но не вклучува целосен ќор-сокак на ултиматумот кој ни беше презентиран во јули, рече грчкиот премиер.
Ципрас призна дека одлуката не била лесна за неговата 18 колеги, но сите биле фокусирани на надеж за договор, со кој ќе се обезбеди финансирање на земјата и покривање на обврските за заемите на среден рок.
- Сега го имам овој резултат, но исто така, имаме 82 милијарди евра, покривање на среднорочните потреби за заеми на нашата земја и јасна заложба во блиска иднина да се разговара за реструктуирање на долгот од 2022 година, истакна тој.
Ципрас, исто така, рече дека договорот ќе обезбеди докапитализација на кредиторите на Грција и инвестициска програма во вкупна вредност од 35 милијарди евра.
- Тоа е комбинација која - ако се постигне - ние би можеле да избегнеме грегзит и да се обезбедат изгледи за опоравување на Грција, нагласи грчкиот премиер.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
