Ципрас: Авионите Рафал ќе летаат над Македонија
Денес имаме земја сојузник, земја чиј воздушен простор го заштитуваат авионите Рафал што ги земавме завчера, шесте Рафал ќе летаат над Македонија во рамки на договорот Грција да го надгледува воздушниот простор, истакна лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервјуто за грчката телевизија „Контра“, јави дописничката на МИА од Атина.
Говорејќи за Договорот од Преспа и односите со Македонија, упати критики до актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис за неговата позиција пред да дојде на власт, дека се обидел да го „злоупотреби чувството на просечниот грчки граѓанин“ и дека станува збор за обид за „екстремна политичка измама“.
-Мислам дека целиот грчки народ има сфатено, а во многу голема мера и луѓето кои на претходните избори гласаа за Нова демократија, дека случајот со несогласувањата, со отпорот на Нова демократија во однос на Договорот од Преспа беше обид да се злоупотреби чувството на просечниот грчки граѓанин кој, во секој случај, има загриженост и чувствителност за националните прашања и беше обид за политичка измама. Екстремна политичка измама, истакна Ципрас.
Додаде дека тоа што Мицотакис „зазеде неприфатлив и инструментализирачки став за едно многу критично национално прашање за да стане премиер е регистрирано во грчкото општество, во грчката историја и во свеста на граѓаните“, но и истакна дека она што сега е важно е дали земјата требаше да го склучи овој договор или не.
Повторно ја спомена Турција, за која рече дека има можност да продира на Балканот.
-Да имавме и на нашата граница со Македонија, една Турција каква што имаме во Либија ќе беше нешто позитивно за земјата? Или опасно и штетно? Денес имаме земја сојузник, земја чиј воздушен простор е заштитен со авионите Рафал што ги земавме завчера, шесте Рафал ќе летаат над Македонија. Во рамки на нашите сојузништва, Грција е таа која го презеде надзорот на воздушниот простор на Македонија, ние го потпишавме тоа, истакна лидерот на СИРИЗА во интервјуто и ги повика просечниот грчки граѓанин и сите „суперпатриоти“ што излегуваа на протестите да го земат ова предвид.
Ново на Сител
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
-

Променливо облачно и нестабилна на места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во деновите од продолжениот викенд
-

Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, клучен приоритет - енергетската стабилност
-

Рибарски: Голем број станови изградени пред 2000 година се запишани со помала квадратура во Катастарот
-

Италијанскиот фудбалски гигант Милан ќе одржи камп во Скопје
-

Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера, треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка
