Циклонот Силвија направи хаос во Скопје - улиците преполни со вода
Во текот на попладневиве часови како и во вечерните часови најголем дел од државава вклучувајќи ја и Скопската котлина ќе бидат под влијание на циклонот Силвија кој ќе услови значително дестабилизирање на атмосферата, стои во временската на Славчо Поповски.
Појава на локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град ќе има и во Скопско.
Нестабилноста се движи во правец: југозапад, север. североисток и исток.
Во зоната на големата нестабилност има услови за локални поројни поплави а додека трае засилениот ветер граѓаните да бидат крајно претпазливи каде се движат а возачите своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата.
Исто така во текот на електричните презнења граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја и домаќинските уреди да се исклучуваат.
Ново на Сител
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор