-->
-->
Циципас елиминиран од турнирот во Индијан Велс
-->

По Данил Медведев и Александар Зверев, мастерсот во Индијан Велс во раната фаза го заврши и петтиот светски рекет Стефанос Циципас. Гркот по три сета и повеќе од два часа игра, испадна од 43. играч во светот, Џенсон Бруксби.
Циципас експресно го доби првиот сет, на противникот му препушти само еден гем, но неговата игра се распадна од почетокот на вториот сет, Бруксби наредните два сета ги доби со 6/3, 6/2. Бруксби ја забележа првата победа во кариерата над Топ 5 играч.
На крајот тој освои 85 поени, пет повече од Циципас, имаше 21 директен поен и 30 неизнудени грешки.
Американецот, во наредната рунда ќе игра против Британецот Камерон Нори. 12. играч во светот го победи Николоз Басилашвили со 3/6, 6/3, 6/1.
Третото коло го мина 10.носител Јаник Синер. Италијанецот во наредната рунда за противник ќе го има Ник Кирјос.
17. во светот, Рајли Опелка успеа да слави победа во дуелот со Денис Шаповалов. Опелка во наредното коло ќе игра против Рафаел Надал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

НБА ги казни Гвеј и Рид за тепачка за време на натпреварот Минесота - Атланта
-

Турција и Грција посветени на зајакнување на пријателските односи и подобрување на каналите за комуникација
-

Зеленски: Сакам конкретен датум за пристапувањето на Украина во ЕУ
-

МВР: Саит Саитов уапсен во Белград
-

Во чест на Св. Трифун групна изложба од 35 уметници во Музеј Галерија Кавадарци
-

Во Врање е уапсен Саит Саитов кој смртно прегази жена во Капиштец
-

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто
-

Ф1: Норис најбрз на тестирањата во Бахреин
