-->
-->
„Чуварката од плажата“ во шестата деценија позираше речиси гола
-->

Поранешната ѕвезда од „Чувари од плажата“, Дона Д’Ерико направи фотосесија во добротворни цели. Фотографот зад сликите е Ник Салимбени.
Глумицата која е во своето шесто десетлетие од животот, позираше гола, само со црвена боја на себе.

На Инстаграм таа објави една фотографија, со покана обожавателите да ги купуваат другите. Целта на кампањата, како што нагласи Д’Ерико, е да се соберат пари за спасување на жртви на трговија со луѓе, образование за ранливите категории и помош да се вратат на самостојниот живот.
Дона се придружи на поставата на „Чувари од плажата“ во 1996 година, а потоа глумеше и во засебната серија „Ноќните чувари од плажата“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
-

Македонските студенти: Победата во Србија е доказ дека младите можат да направат промени
-

470 килограми месо од нелегална комора во Василево завршија на депонија
-

Преглед на вестите од светот
